Filtrar por género

ZEN Podcast Bidi Zen

ZEN Podcast Bidi Zen

Gere Tripkov

ТВ-емисија и поткаст, во која разговарам со успешни македонци кои постигнале успеси и се посветени на својата животна мисија. Сезона 1 -ИДОЛИ- 7 ТВ и поткаст епизоди со инспиративни гости 7 инспиративни стории на лица од маргинализирани групи граѓани 7 вежби за баланс на духот и телото __ Проектот ЗЕН е инициран од Equality - Здружение за правата на лица со попречености и Cosense.me - Коучинг за сите сетила! автор/продуцент: Гере Трипков, монтажа: Дејан Смилевски, автор на музика: Дуке Бојаџиев, дизајн: Симона Трипкова >Поддржете не во мисијата за создавање трајни општествени промени.<

8 - Епизода 7 -ЗЕН- Идоли родители
0:00 / 0:00
1x
  • 8 - Епизода 7 -ЗЕН- Идоли родители

    Гости: Василка и Ѓорѓи Трипкови се родителите на авторот на емисијата ЗЕН. Како гости во 7-та епизода, токму со нив ќе ја затвориме првата сезона насловена ИДОЛИ. | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гере Трипков ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за несоница | Трипкови ќе раскажат и покажат дека и покрај сите животни предизвици, покрај сите спротивни ветришта и сите ѕидови во општеството и во средината на живеење семејството сплотено може да ги преброди со леснотија. Гере во својот портрет ќе се обзнани како еден од заедницата на маргинализираните и ќе испрати порака дека ништо не ќе може да не спречи во мисијата наречена: Љубов, Сила, Слобода! | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    Sun, 18 Jul 2021 - 29min
  • 7 - Епизода 6 -ЗЕН- Никола Ристановски

    Гостин: Никола Ристановски - еден од најнаградуваните актери со импресивно портфолио, човек посветен на професијата и фамилијарните вредности| Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гордана и Александар Стојаноски ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за поттикнување позитивна енергија | Никола Ристановски зборува за вербата и истрајноста на патот кон личниот и колективен развој, за трансформациските моќи кои како човечки битија ги поседуваме, за влијанието врз сопствената судбина и постигнување животен баланс, за улогата на семејството во личниот и професионален успех и за актерската игра и советите за младите актери. Гордана и Александар Стојаноски испраќаат порака до маргинализираните лица и до општеството со цел обединување во длабока, човечка смисла. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    Sun, 11 Jul 2021 - 30min
  • 6 - Епизода 5 -ЗЕН- Изет Цури

    Гостин: Изет Цури е моделист, моден креатор со 50 год. искуство во модната индустрија | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Александар Матовски-Цако ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Изет Цури ќе раскаже како млад човек може да ја креира својата среќа, успех, иднина. Ќе не однесе во неговата младост од Скопје, па Париз и работата со луксузни брендови како Hermés и што е потребно да создадеш бренд покрај толку голема конкуренција, како и совети за млади креатори. Посочува и зошто Македонија нема текстилни брендови и што бил мотивот да го основа Институтот за мода "Изет Цури" во Скопје. Александар Матовски-Цако ќе ви даде совет за личен развој. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    Sun, 04 Jul 2021 - 28min
  • 5 - Епизода 4 -ЗЕН- Дуке Бојаџиев

    Гостин: Дуке Бојаџиев - композитор, продуцент, пијанист | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Марија Савеска ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Дуке брутално искрено говори за нашата моќ да одлучуваме каков живот ќе избереме да живееме. Зборуваме и за неговите професионални ангажмани, две-децениската работа како уметник-индивидуалец, за преселбата од Њујорк во Париз, за улогата на семејството во нашиот успех. Марија Савеска ќе ви посочи што ни е потребно да делуваме за да ги оствариме соништата. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    Sun, 27 Jun 2021 - 30min
  • 4 - Епизода 3 -ЗЕН- Наташа Андонова

    Гостин: Наташа Андонова - фудбалска репрезентативка, поранешен играч на Постдам, Розенгард, ПСЖ, Барса, актуелен на Леванте | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Ирена Поповска ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Релакс вежба за рамената и грбот | Со Наташа разговараме како таа како младо талентирано девојче од Неготино си го остварува сонот да биде врвна фудбалерка, и игра во најдобрите светски клубови. Посочува и што треба да направат родителите за своите деца за да бидат успешни и што значи да сакаш искрено, да бидеш силен и слободен! Ирена Поповска ќе ви пренесе порака како да делуваме за да го движиме општеството напред. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: gere@equality.agency |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!

    Sun, 20 Jun 2021 - 30min
Mostrar más episodios